Аргентинскиот тренер Маурисио Почетино дебито на клупата на Манчестер јунајтед го имаше со болен пораз од 4:0 против вечниот ривал на јунајтед Ливерпул.

Навивачите на Енфилд уште во 14-тата минута од мечот, при резултат од 2:0, а Манчестер беше и со играч помалку, почнаа да скандираат дека Почетино ќе добие отказ.

Манчестер јунајтед е во зоната на испаѓање на претпоследното 19-то место во Премиер лигата со само 8 бодови, 20 помалку од водечкиот Арсенал.

По натпреварот Почетино го нападна судијата Сем Барот и рече дека неговиот фудбалер Лени Јоро не требало да добие црвен картон во 7-та минута од натпреварот и дека тоа ја диктирало очајната статистика на неговиот тим.

 

Слични новости

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Кошаркарите на Денвер утринава на гостински терен го победија Мемфис со 123:118, со што ја забележаа петтата победа на последните седум меча.