Еден од најефикасните стрелци на Сакраменто Кингс бекот Зек Лавин поради повреда нема да игра до крајот на сезоната во НБА, пренесуваат американските медиуми.

Како што се наведува, Лавин ја оперирал десната рака и нема да се опорави до крајот на сезоната.

Американскиот кошаркар сезонава во НБА имаше просек од 19,8 коша, 2,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.

 

Слични новости

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.