Кочанскиот суд ја одби жалбата на обвинителството со барање за промена на домашниот протвор со ефективен затворски притвор за двајцата инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев, додека за останатите деветмина осомничени беа определени мерки за претпазливост.

Инспекторите се осомничени дека земале поткуп и му давале информации на синот на газдата на дискотеката Пулс за ненајавени контроли.

Адвокатот на Паунов изјави дека според досегашната судска пракса за вакви дела обично не се дава  куќен притвор, а особено не ефективен притвор.

 

Слични новости

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Втор починат од грип во Македонија

Втор починат од грип во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.