Претседателот на Европскиот совет Антониот Коста ја повика Европската Унија да одговори со симетрични мерки на царините што им ги воведува САД на земјите членки на ЕУ, истакнувајќи дека Брисел веќе не смее пасивно да реагира на трговските предизвици.

Коста порача дека нелојалната конкуренција мора да добие адекватен одговор, пренесе Фајненшал тајмс. Тој рече дека доколку некои земји ги користат трговските инструменти како средсво за притисок и принуда, ЕУ мора да биде подготвена да ги активира сопствените заштитни механизми.

Коста порача дека ЕУ располага со алатки со кои може да одговори на притисоците, но дека клучно е да се делува координирано и решително. Во спротивно, постои ризик европската економија дополнително да го загуби чекорот во глобалниот натпревар.

Слични новости

Златото собори нов рекорд

Златото собори нов рекорд

Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.