По само неколку месеци, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции и критики во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности и изјави.

Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов кој вели дека овие случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката и како што вели класично дежа ву на Струмица во предизборието на локалните избори.

„На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација, а не ад хок комбинаторики. Сакам да истакнам дека немам апсолутно никаква намера да ја навредам личноста или делувањето на мојот пријател Рубин Земон, ова е проблем на стратегијата и принципите а не на поединецот“, напиша Костадинов.

 

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени