Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза која ќе се одржи во Музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали.

Тој ќе ја предводи и владината делегација која ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата.

Поради денешната посета на Курти, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

 

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи