Косово денеска ќе избере нов парламент, втор пат за 11 месеци, при што левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти останува јасен фаворит за победа, јавува ДПА.
Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот.
Оттогаш, новиот парламент остана заглавен, не можејќи да се договори за изборот на раководството и затоа не може да работи.
Курти управува со Косово од 2021 година со реформска агенда која досега имаше мешани резултати, пренесува германската агенција.
Меѓутоа, тој се надева на убедлива победа на овие избори како и во 2021 година, кога практично сам можеше да формира влада.
Доколку не успее, се поставува прашањето дали клучните политички играчи ќе бидат подготвени овој пат да направат компромис за да овозможат коалициска влада.
Гласачките места се отворија утринава во 7 часот наутро и ќе се затворат во 19 часот. Првите резултати се очекуваат вечерва.
Слични новости
Најсилен напад на Украина врз Русија од почетокот на војната
Украина го изведе најсилниот напад врз Русија од почетокот на војната, а погодени биле неколку руски области, при што главна цел на нападите биле енергетските постројки.
Анкетите во Бугарија покажуваат дека Радев е фаворит на претстојните избори
Доколку изборите се одржат сега, коалицијата на Румен Радев би добила 25,6 отсто од гласовите на оние кои се изјасниле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ со 15,4 проценти
Швајцарија: Воз со 80 патници излета од шините по лавина
Воз излета од шините во областа Гопенштајн во швајцарскиот кантон Вале откако лавина ја погоди пругата. Полицијата потврди дека е во тек операција на местото на настанот и дека неколку лица се повредени.


