Обвинителството во Јужна Кореја побара смртна казна за Ким Со Јонг обвинета дека во Сеул им давала на мажите со кои се состанувала напитоци со силни психоактивни лекови, при што дбвајца мажи починаа, а четворица преживејаа.

Обвинителството ја побара најстрогата смртна казна, наведувајќи ја тежината на делото, начинот на кој се изведени злосторствата и отуството на каење.

Ким на судењето се бранеше со изјава дека нејзината намера не била да ги убие мажите. Нејзината одбрана побара ослободителна пресуда за обвиненијата за убиство, додека смемејствата на починатите отфрлаат таква верзија на настаните и бараат најстрога казна.

Јужна Кореја се смета за држава која ја има ставено праксата на извршување смртни казни вон сила, иако таа формално останува дел од кривичното законодавство.

 

Слични новости

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен. Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.