Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.

Повеќе од 50 проценти од територијата на европскиот континент била изложена на силен топлотен бран што надминал 38 степени, објави Гардијан.

Извештајот на Коперникус  покажа дека најмалку 60 проценти од Западна Европа летово цели 17 дена имала температури над 30 степени.

Европа уште од крајот на мај имаше невообичаено ран почеток на летното време, а високи температури беа забележани дури и во текот на септември.

 

Слични новости

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти