Разговорите меѓу претставниците на Данска и САД открија фундаментални разлики во ставовите на двете страни околу статусот и безбедносната улога на Гренланд, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмунсен, пренесе Вашингтон пост.

„Сеуште имаме фундаментални разлики. Не успеавме да го смениме ставот на САД“, изјави Расмунсен по вчерашните разговори во Вашингтон.

Темата со Гренланд е во фокусот на вниманието на светската јавност откако американскиот Доналд Трамп најави анексија на Гренлад милум или силум.

Тој го повика НАТО да ја избрка Данска од Гренланд, за која рече дека има само две санки со кучиња и порача дека само САД можат да го спасат Гренланд од амбициите на Русија и Кина.

Прашањето на Гренланд крајно ги компликува односите меѓу ЕУ и САД, како и самата внатрешна кохезија во НАТО.

Данска соопшти дека доколку САД силеџиски се обидат да го енктираат Гренланд НАТО ќе се распадне како воен сојуз.

 

Слични новости

Нови израелски напади врз Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут

Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел