Конфликтот меѓу САД и Израел со Иран влијае врз синџирот на исхрана и снадбдувањето со сировини, оценија меѓународни експерти.
Нападите со дронови и ракети врз танкерите во Ормутскиот теснец каде што минува околу 27 насто од светскиот извоз на нафататаги вознемирија берзите. Но низ теснецот минуваат и 20-30 насто од глобалните ѓубрива, вклучувајќи амонијак, уреа, фосфати и сулфур.
Засега влијанието на конфликтот врз производството на храна се мали, но доколку продолжи конфликтот и Ормутскиот теснец остане затворен, производството на храна значајно ќе поскапе.
Иако влијанието на конфликтот е глобално, засега најпогодени се источна и јужна Африка.
Слични новости
ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради кризата со керозинот
Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Германија подготвува мерки поради можен недостиг на керозин
Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност.
Нафтата поскапе по новата ескалација во Ормутскиот теснец
На лондонскиот пазар, цената на нафтата од типот „Брент“ порасна за 5,7 проценти и достигна 87,30 долари за барел, додека на американскиот пазар цената се искачи за над 6,2 проценти, на 89,05 долари.


