Атински АЕК го победи шкотскиот Абердин со убедливи 6:0 пред своите навивачи во 2. коло од Конференциската лига, додека двократниот финалист на ова натпреварување, италијанска Фиорентина го победи Рапид со 3:0 на гостински терен во Виена.
Абубакари Коита го отвори резултатот против Абердин со головите во 11. и 18. минута, а Никлас Елиасон постигна гол во 27. минута за водство на АЕК од три гола. Разван Марин (55), Лука Јовиќ (81) и Дерек Кутеса (87) го комплетираа „уништувањето“ на шкотскиот тим.
Фиорентина стана првиот тим што постигна 100% резултат по две кола со победа од 3:0 во Виена и привремено го презеде првото место. Шер Ндур (9), Един Џеко (48) и Алберт Гудмундсон (88) беа стрелци за италијанскиот тим.
Легија Варшава ги обезбеди сите три бода против Шахтјор длабоко во судиското продолжение во натпревар одигран на неутрален терен во Краков. Рафал Августињак беше херој на победата на полскиот тим, постигнувајќи ги двата гола во победата од 2:1. Тој прво постигна гол за водство на Легија во 16. минута, а откако Лука Меирелес израмни за Шахтјор во 61. минута, Августињак го постигна својот втор гол во четвртата минута од судиското продолжение за да му ја донесе победата на својот тим.
Хрватскиот напаѓач Франко Ковачевиќ продолжи да ја покажува својата одлична голгетерска форма и со два нови гола му донесе победа на Целје во 2. коло од Конференциската лига, во кое словенечкиот тим славеше со 2:0 на гостувањето кај Шамрок Роверс во Даблин. Ковачевиќ го постигна првиот гол во 33. минута, а вториот седум минути подоцна. Со пет гола, хрватскиот напаѓач е убедливо најдобар стрелец во првите две кола од Конференциската лига, бидејќи негови најблиски ривали се играчите кои постигнале по два гола. Словенечкиот тим е еден од шесте со максимален бодовен ефект во првите два настапи.
Швајцарскиот претставник Лозана го победи домашниот тим Хамрун со 1:0 на Малта со голот на Гаосу Диаките во 38. минута.
Кике Гомез (33) и Кристијан Рутјенс (88) беа стрелци за Ред Импс, додека Микаел Ишак реализираше пенал за Лех во 77. минута.
Ерменски Ноах освои бод со ремито од 1:1 на гостувањето кај романската Универзитатеа. Мондеј Етим им донесе водство на домашните во 38. минута, а Нардин Мулахусејновиќ израмни во 73. минута.
АЕК од Кипар оствари сензационална победа, победувајќи го Кристал Палас со 1:0 во Лондон. Ријад Бајиќ го постигна победничкиот гол за тимот од Ларнака во 51.минута.
Голема победа оствари Линколн од Гибралтар, кој го победи полскиот Лех со 2:1. Полски Раков одигра 1:1 на гостински терен против Сигма во Оломоуц. Стрелец за Сигма беше Јан Крал (83), а за Раков израмни Стратос Сварнас (90).
Слични новости
Преглед НБА: Оклахома продолжува со победите
Оклахома Сити Тандер ја забележаа својата 14-та последователна победа победувајќи ги Далас Маверикс со 132:111 дома
Извлечени групите за Светското првенство 2026
Жрепката за Светското фудбалско првенство во 2026 година во Вашингтон беше спектакл во холивудски стил, експлозија од гламур, црвени теписи и мноштво светски ѕвезди, а Македонија доколку го мине плејофот против Данска а потоа биде подобра и во соочувањето со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска ќе се најде во групата А
Трамп ја доби Наградата за мир на ФИФА
Американскиот претседател Доналд Трамп ја доби наградата за мир, која првпат годинава ја доделува светската фудбалска федерација ФИФА


