Американската компанија „Антропик“, која стои зад четботот „Клод“, постави нов светски рекорд со најголемата почетна јавна понуда на акции во историјата. Компанијата привлече 81,3 милијарди долари од инвеститорите, надминувајќи го досегашниот рекорд на „Спејс икс“, пренесува Ројтерс.

Акциите беа продадени по цена од 83 долари, што е над првично предвидениот ценовен опсег од 70 до 78 долари. Со оваа трансакција, пазарната вредност на компанијата достигна приближно 1.500 милијарди долари, со што „Антропик“ влезе меѓу највредните компании во светот.

Поради огромниот интерес од инвеститорите, бројот на понудени акции беше зголемен за околу 19 проценти, на 980 милиони.

Рекордната понуда доаѓа во период на зголемена неизвесност на технолошките пазари, каде што инвеститорите сè почесто ги преиспитуваат високите вреднувања и огромните трошоци за изградба на центри за податоци.

Слични новости

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.