Комарџиите во последните неколку недели вложиле 32,7 милиони долари на исходот од изборите во Холандија, користејќи ја американската платформа за предвидувања „Polymarkets“.
Најмногу облози биле ставени на Партијата на слободата на Герт Вилдерс повеќе од 10 милиони долари, а на Д66 биле ставени облози во износ од над 6 милиони долари.
„Polymarkets“е онлајн платформа за превидувања која нема лиценца за облози, но им овозможува на корисниците да се обложуваат вклучувајќи и парламентарни избори.
Откако Партијата на слободата не освои најмногу мандати на изборите, на платформата за предводување на следниот премиер сега води лидерот на Д66 Роб Јетен со 81 насто.
Слични новости
Кралското семејство во Британија веќе нема да може бесплатно да присуствува на спортски настани
Станува збор за симболично, но упадливо понижување, членовите на семејството Виндзор да останат без досегашните почести и да мораат да плаќаат билети за спортски настани.
Снуп Дог го води тимот на САД на ЗОИ 2026
Раперот и забавувач, 54-годишниот Снуп Дог дефинитивно е именуван за почесен водач на американскиот национален тим за Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо
Немо го враќа трофејот од Евросонгот поради Израел
Победникот на Евровизија во 2024 година, швајцарскиот претставник Немо, одлучи да ја врати својата награда во знак на протест против учеството на Израел на натпреварот следната година, како причина наведувајќи ја војната на Израел во Појасот Газа


