Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.

Пријавени се 496 исчезнати, додека погодени се 25.000 семејства, пренесе весникот „Ел Паис“.

Властите настојуваат во пресоатантите часови можни за спасување да ги пронајдат луѓето што се заробени под урнатините.

Колумбискиот претседател Де ла Еспријела најави и прогласување на вонредна економска ситуација, со која владата би добила можност без одобрение на Конгресот да мобилизира средства за санација на последиците од катастрофата.

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.