Со почетокот на летната сезона и зголемениот бран патници кои патуваат кон јужниот сосед, на граничниот премин Богородица утринава се забележуваат огромни метежи.

Создадени се километарски колони од возила, кои буквално се споени и се протегаат во меѓуграничниот простор сè до грчкиот премин Евзони. Автомобили, автобуси и мотоцикли чекаат во повеќе ленти, што создава сериозен застој и нервоза кај возачите кои тргнале на викенд или на годишен одмор.

Главната причина за ваквиот интензивен сообраќај е традиционалниот викенд-бран карактеристичен за втората половина на јуни, кога илјадници македонски, но и транзитни странски државјани се упатуваат кон туристичките места во Грција.

Ситуацијата дополнително се усложнува поради сложените гранични процедури и проверки на патните исправи кои се спроведуваат од двете страни на границата.

Како резултат на тоа, времето на чекање за излез од државата и влез во Грција во моментов е драстично зголемено, па патниците се соочуваат со повеќечасовен престој во возилата под високите летни температури.

 

Слични новости

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.