Преговарачите на САД и Иран денеска започнуваат нова рунда директни разговори во Швајцарија, во обид да се зачува договорот за прекин на конфликтот и да се постигне напредок околу нуклеарното прашање и безбедноста во регионот.

Преговорите се одржуваат во услови на нови тензии, откако Техеран соопшти дека повторно го затвора Ормутскиот Теснец, обвинувајќи ги САД и Израел за прекршување на договорените обврски.

Американската војска, пак, тврди дека поморскиот сообраќај низ теснецот засега се одвива непречено.

Дополнителен предизвик за разговорите претставуваат судирите меѓу Израел и Хезболах во Либан, каде што и покрај најавениот прекин на огнот продолжуваат нападите и жртвите.

Разговорите во Швајцарија би требало да ги опфатат клучните прашања од иранската нуклеарна програма, како и можноста за прекин на огнот во Либан.

Американската делегација ја предводи американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, а иранската главниот преговарач Мохамед Калибаф.

 

Слични новости

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.