Италијанскиот второлигашки клуб Јуве Стабија, со седиште во Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол, е ставен под судска администрација поради можна вмешаност на мафијата во неговото работење, објавија италијанските обвинители и полицијата.
Неаполската мафијашка групација Камора има корени токму во Кастеламаре ди Стабија, а италијанските обвинители изјавија дека обемната истрага „открила систем сличен на мафијашкиот стил во економските активности на клубот“.
Сегашната сопственичка структура на клубот „ги наследула долгогодишни економски врски кои биле предмет на влијание на мафијата од самиот почеток и не воспоставила соодветни контроли и заштитни мерки како одговор“.
Компанијата „Brera Holdings“ со седиште во Ирска, купи 52 отсто од клубот во јуни оваа година.
Обвинителството тврди дека Камора ја контролирала продажбата на влезници, доставата на храна, облеката и обувките, медицинската грижа за играчите, па дури и патните трошоци на првиот тим.
„Играчите само требало да играат, Камора ја преземала грижата за сè друго“, рече обвинителот од Неапол, Никола Гратери.
Затоа, задачата на судската администрација ќе биде да ја врати легалноста и транспарентноста на менаџментот и да го врати клубот во состојба на независност од мешање на мафијата.
Минатиот месец, судска администрација беше воведена и врз клубот од третата лига Кротоне во јужниот регион Калабрија, исто така, поради сомневања за инфилтрирање на организиран криминал.
Слични новости
Жељко Обрадовиќ ја напушти клупата на Партизан
Исклучително успешниот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ во средата поднесе неотповиклива оставка од функцијата тренер на белградски Партизан
Голманот на Челси Роберто Санчез со понижувачки изјави за играчите на Барцелона, поради што се соочува со казна
Роберто Санчез праша и „Каде е Јамал? Ене го во џебот на Кукуреља“, што се смета за понижување на противникот и би можел да биде казнет од Челси поради неговата изјава.
НБА: Лејкерс подобри од Клиперс
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа својата петта последователна победа во НБА лигата победувајќи ги Лос Анџелес Клиперс во градската пресметка со 135:118


