Лос Анџелес Клиперс го забележаа и третиот пораз во низа на свој терен,  овој пат од екипата на Минесота со 88:94. Минесота до победата ја предводеше Ентони Едвардс со 31 кош, Дивиченцо постигна 18, а по 12 кошеви постигнаа Досунму и Мекдениелс.

Кај Клиперси најефикасен беше Дерик Џоунс со 18 поени, Матурин постигна 14, а Крис Дан 11 поени.

Тренерот Тарјор Лу не го уфрли во игра најдобриот играч на Клиперс Каваи Ленард.

По пауза од речиси цел месец во дресот на Клиперси се врати Богдан Богдановиќ кој играше 17 минути и постигна 8 коша со шут 3 од 9.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено