Лос Анџелес Клиперс го забележаа и третиот пораз во низа на свој терен, овој пат од екипата на Минесота со 88:94. Минесота до победата ја предводеше Ентони Едвардс со 31 кош, Дивиченцо постигна 18, а по 12 кошеви постигнаа Досунму и Мекдениелс.
Кај Клиперси најефикасен беше Дерик Џоунс со 18 поени, Матурин постигна 14, а Крис Дан 11 поени.
Тренерот Тарјор Лу не го уфрли во игра најдобриот играч на Клиперс Каваи Ленард.
По пауза од речиси цел месец во дресот на Клиперси се врати Богдан Богдановиќ кој играше 17 минути и постигна 8 коша со шут 3 од 9.
Слични новости
Оклахома и Лејкерс очекувано ги победија Сакраменто и Далас
По серијата порази Лејкерси утринава ја забележија и втората победа во низа врз ослабениот тим на Сакраменто со 124:108. Лука Дончиќ забележа 28 коша и 9 асистенции, а ветеранот Леброн Џејмс даде 24 коша за Лејкерс.
Тешка повреда на Емре Џан од Борусија
Некогашниот фудбалер на Ливерпул ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото што ќе го оддалечи од фудбалските терени подолг период.
Денвер поразен на домашен терен од Минесота
Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108.


