Кливленд Кавалиерс ги победија Торонто Рапторс во седмиот решавачки меч пред своите навивачи со 114:102 и се пласираше во полуфиналето на Источната конференција каде што ги очекува тимот на Детроит.

Клучен за победата на Кливленд утринава беше центарот Џаред Ален кој успеа да фати 19 скокови, а постигна и 22 коша. Исто толку кошеви кај победничкиот тим постигна и Донован Мичел, а Џејмс Харден даде 18 поени.

Кај Торонот најдобар поединец беше Скоти Барнс со 24 коша и 10 скокови. Тренерот на Торонто Дарко Рајаковиќ по натпреварот изјави дека неговите играчи дале се од себе и дека е задоволен од борбата што ја прикажале со фаворизираниот Кливленд.

Слични новости

Антонио Конте и официјално го напушти Наполи

Антонио Конте и официјално го напушти Наполи

Италијанскиот тренер Антонио Конте и официјално го напушти Наполи една година пред истекот на договорот, откако во неодамна завршената сезона не успеа да го одбрани насловот на шампион на Италија.