СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски за несоодветно справување со состојбата со западнонилската треска во Македонија.

Од партијата велат дека до 1 септември се регистрирани 56 случаи на западнонилска треска, при што, според нивните наводи, има и седум починати.

СДСМ тврди дека Македонија е на прво место во Европа според бројот на заболени во однос на бројот на жители, посочувајќи ги како споредба Италија, Грција и Романија. Од опозициската партија оценуваат дека Владата нема доволен капацитет за навремена превенција и заштита на здравјето на граѓаните, туку реагира откако состојбата ќе ескалира.

СДСМ упатува критики и за мерките против комарците, обвинувајќи дека не биле спроведени навреме и дека со реакцијата задоцнил и градоначалникот на Општина Центар, Орце Ѓорѓиевски.

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.