СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски за несоодветно справување со состојбата со западнонилската треска во Македонија.
Од партијата велат дека до 1 септември се регистрирани 56 случаи на западнонилска треска, при што, според нивните наводи, има и седум починати.
СДСМ тврди дека Македонија е на прво место во Европа според бројот на заболени во однос на бројот на жители, посочувајќи ги како споредба Италија, Грција и Романија. Од опозициската партија оценуваат дека Владата нема доволен капацитет за навремена превенција и заштита на здравјето на граѓаните, туку реагира откако состојбата ќе ескалира.
СДСМ упатува критики и за мерките против комарците, обвинувајќи дека не биле спроведени навреме и дека со реакцијата задоцнил и градоначалникот на Општина Центар, Орце Ѓорѓиевски.
Слични новости
Платформата „Разговори за иднината 12:05“ побара обединување на опозицијата по изборите во Србија
Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“порачаа дека политичките промени во Србија и Унгарија покажуваат дека граѓаните се уморни од традиционалните политички партии, долгогодишните функционери и, како што наведуваат, корупциските профитери.
Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот со иста цена
Од ноќеска на полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат поевтино за пет денари за литар, соопштија од компанијата „Макпетрол“. Со новите цени, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 91 денар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 93 денари.
Гужва пред српската, празно пред бугарската амбасада – различен интерес за гласањето во Скопје
Празно пред бугарската амбасада, гужва пред српската. Ваква е сликата од гласањето на бугарските и српските државјани во Скопје на изборите во нивните држави.


