Кинескиот CATL планира да го удвои капацитетот за тестирање на батерии во германски Арнштат, за да биде меѓу најголемите во Европа до почетокот на следната година, изјави портпарол на компанијата за новинската агенција dpa.

Проширениот објект ќе има повеќе од 300 станици за испитување за проценка на перформансите и безбедноста на батериите, вклучително и тестирање на брзините на полнење под различни услови, како што се високи и ниски температури.

Со проширувањето на својот центар за тестирање во Арнштат, CATL презема клучен чекор за да ја задоволи растечката побарувачка за напредни решенија за батериите во Европа, изјави Мет Шен, шеф на германските операции на CATL.

CATL произведува батерии во Арнштат од 2023 година и планира постепено да го зголемува производството. Објектот моментално вработува околу 1.700 луѓе и снабдува неколку производители на автомобили во Германија и низ цела Европа.

Според CATL, тест центарот во Арнштат е официјално сертифициран од германскиот концерн „Volkswagen“ и од германска владина агенција. Фокусот на центарот е на тестирање на квалитетот на европските производи, но портпаролот на CATL не ја исклучи можноста за тестирање за компании во други делови од светот.

Новите објекти ќе вклучуваат и лабораторија за материјали што треба да го забрза процесот на идентификување и решавање на проблеми за време на тестирањето на перформансите преку анализа на поединечни компоненти на батериите, соопшти CATL.

Удвојувањето на капацитетот за тестирање на батерии во Германија е дел од пошироката европска стратегија на CATL, која вклучува и планови за нови производствени погони во Унгарија и Шпанија.

globe

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, но сепак се на пат да да ја завршат трговската седмица со вкупни загуби, главно поради притисокот врз технолошкиот сектор

Волстрит притиснат од технолошкиот сектор

Волстрит притиснат од технолошкиот сектор

На њухоршки Волстрит берзанските индекси паднаа во четвртокот, а технолошкиот сектор беше под најголем притисок, како и во вторникот, бидејќи инвеститорите стравуваат дека цените на акциите во тој сектор се превисоки