Кинеската компанија за контејнерски превоз Сеа Легенд неделава ќе ја отвори првата директна рута за Европа преку Арктик и речиси ќе го преполови времето за експресни испораки, објави Глобал тајмс.

Контејнерскиот брод „Истанбул бриџ“ во понеделникот го заврши товарењето на контејнерите во пристаништето „Нингбо Зошуан“ и денеска преку арктичката поморска рута се упатува кон Феликстоу, најголемото контејнерско пристаниште во Велика Британија, пишуваат кинеските медиуми.

Патувањето би требало да трае 18 денови, а пристигнувањето на бродот во англиското пристаниште се очекува на 10 октомври.

 

Слични новости

Европските акции во пад: Загубите во секторот на вештачката интелигенција вршат притисок врз берзите

Европските акции во пад: Загубите во секторот на вештачката интелигенција вршат притисок врз берзите

Акциите на европските берзи повторно завршија во минус, со што го продолжија падот од претходниот ден заснован на загубите на компаниите од секторот на вештачката интелигенција.