Кина во средата поднесе тужба против Индија во Светската трговска организација (СТО – WTO), наведувајќи дека Њу Делхи ги крши трговските правила што ја забрануваат замената на увозот со субвенционирање на домашното производство на електрични возила и батерии.
Кина во средата побара консултации со Индија во рамките на СТО за решавање на прашањето за индиските субвенции за производство на електрични возила и батерии, изјави портпаролот на кинеското министерство.
Субвенциите на Индија кршат неколку обврски на СТО, вклучувајќи го и принципот на национален третман, кој забранува дискриминација меѓу домашните и увезените стоки и услуги. Мерките на Индија всушност се субвенции насочени кон замена на увозот, што СТО изрично го забранува, истакна портпаролот на кинеското министерство.
„Мерките обезбедуваат нефер конкурентска предност за домашните индиски производители и им штетат на интересите на кинеските компании“, рече портпаролот додавајќи дека Пекинг ќе преземе мерки за заштита на нивните „легитимни права и интереси“.
Индија неодамна презеде неколку економски и трговски мерки за кои Пекинг тврди дека предизвикале сомнежи и покренале прашања за можно непочитување на принципите на СТО.
„Овие акции привлекоа големо внимание од другите членки на СТО. Ја повикуваме Индија да ги почитува своите обврски кон СТО и итно да ја исправи спорната практика“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија.
Слични новости
„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство
Мултинационалниот швајцарски трговец со енергенси „Gunvor“ соопшти дека ја повлекува својата понуда за купување на странски средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека има намера да му одбие лиценца за бизнис
Благ раст на европските берзи
Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, но сепак се на пат да да ја завршат трговската седмица со вкупни загуби, главно поради притисокот врз технолошкиот сектор
Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа
На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна втор ден со ред


