Пекинг во понеделникот објави дека оваа седмица ќе одржи големи воени вежби околу островот Тајван, повикувајќи на итен прекин на „неодговорните провокации“.

„Почнувајќи од 29 декември, Источната команда (на кинеската армија) ќе ги распореди копнената армија, морнарицата, воздухопловните сили и ракетните сили за спроведување заеднички воени вежби наречени Мисија Правда 2025“, изјави полковникот Ши Ји, портпарол на командата.

Вежбите имаат цел да ја тестираат борбената готовност и да испратат порака против какви и да е се потези кон независност на Тајван. Ова е шестата голема рунда кинески воени вежби од 2022 година.

„Ова (вежбите) служи како сериозно предупредување до сепаратистичките сили за ‘независноста на Тајван’ и надворешните сили коишто се мешаат“, додаде Ши.

Вежбите започнаа 11 дена откако САД објавија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарди долари, најголемиот пакет оружје досега за островот, предизвикувајќи протест од Министерството за одбрана на Кина и предупредувања дека војската ќе „преземе силни мерки“ како одговор.

Канцеларијата на претседателот на Тајван остро ги осуди кинеските вежби, повикувајќи го Пекинг да биде „рационален, воздржан и веднаш да ги запре неодговорните провокации“ за да не биде тој што го поткопува регионалниот мир.

globe

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.