Во обид да го поттикне порастот на наталитетот во Кина, од јануари следната година се воведува данок на кондоми. Како што пренесува Гардијан, данокот за кондоми ќе изнесува 13 насто, како и за другите средства за контрацепција.
Мерката е дел од широките напори на кинеската влада, за да се избори со падот на новородените деца.
По повеќе од 30 години строга политика за едно дете, кинеските власти во последните десет години воведоа стимулативни мерки за да ги поттикнат паровите да осниваат семејства со деца. Ограничувањето сега е подигнато на три деца, но и покрај мерката, резултатите изостанаа.
Кинеската популација во последните три години се намалува, а населението старее.
Слични новости
Фаворит на доделувањето на Бафта наградите в недела „Една битка по друга“.
На церемонијата на доделување на наградите, на сцената ќе бидат и Оскароваците Барјан Кранстон, Килиан Марфи, Мајкл Б Џордан, Глен Клоуз и Патрик Демпси.
Холивуд се простува од легендарниот актер Роберт Дувал
Една од иконите на Холивуд Роберт Дувак, кој во кариерата имаше дури седум номинации за Оскар ќе остане запаметен по улогите на консилјерето Том Хејган во култните филмови Кум 1 и Кум 2 на Копола
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
Европскиот парламент ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците


