Кина го укина тридецениското ослободување од данок на контрацептивни средства и помагала од 1-ви јануари оваа година, што е најновото во низата чекори за борба против намалувањето на наталитетот.
Кондомите и апчињата за контрацепција сега подлежат на данок на додадена вредност од 13 отсто, стандардна стапка за повеќето стоки за широка потрошувачка.
Овој потег доаѓа во време кога Пекинг се обидува да го зголеми наталитетот во втората најголема економија во светот. Населението на Кина се намали трета година по ред во 2024 година, а експертите предупредуваат дека падот ќе продолжи.
Кина минатата година ги ослободи од оданочување на доход субвенциите за грижа за деца, и воведе годишна таква субвенција. На ова му претходеа некои иницијативи во 2024 година, вклучително и охрабрување на факултетите и универзитетите преку „обрзование за љубовта“ да ги претстават во позитивна смисла бракот, љубовта, плодноста и семејството.
Исто така, највисоките кинески челници повторно се заложија минатиот месец на годишната Централна економска работна конференција да промовираат „позитивни ставови кон бракот и раѓањето деца“ со цел да се стабилизира стапката на наталитет.
Стапката на наталитет во Кина опаѓа со децении како резултат на „политиката на едно дете“ што ја спроведува Кина од 1980 до 2015 година и брзата урбанизација. Високите трошоци за грижа за децата и образованието, како и несигурноста на работното место и забавувањето на економијата, исто така, ги обесхрабрија многу млади Кинези да основаат семејство, пишува Reuters.
Слични новости
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија
Иран го затвори Ормускиот мореуз
Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.
Нови преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Женева
Разговорите во Женева се продолжение на претходните средби во Обединетите Арапски Емиратина на кои немаше значаен напредок, освен што беше договорена размена на заробеници.


