Манчестер сити вечерва не успеа да го совлада Сандерленд во многу борбен меч со силен интензитет, кој заврши без голови 0:0. Со ова, Сандерленд е непоразен на својот терен и по 10 напревари дома има 5 победи и 5 нерешени.

Арсенал претходно во ова коло ја совлада Астон Вила 4:1, па сега Арсенал е прв на табелата со 45 бодови, Манчестер сити има 41, а Астон Вила 39 бодови.

Во лондонското дерби меѓу Брентфорд  и Тотенхем, исто така од 21 часот, немаше победник бидејќи и тој меч заврши 0:0. Денеска сите четири меча во Премиер лигата завршија со нерешен резултат, а дури три со непопуларните 0:0.

 

Слични новости

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.