Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН. Томас доаѓа во Милвоки како слободен играч, откако Бруклин го отпушти по истекот за трејд.
Томас во претходните две сезони беше најдобар стрелец на Бруклин Нетс, а минатата сезона имаше просек од 24 кошеви по натпревар.
Тој рече дека го избрал Милвоки затоа што покажуваат интерес за него со години и дека е среќен што му се реализира оваа прилика.
Слични новости
Томас Тухел го продолжи договорот и ќе биде селектор на Англија до 2028
Германскиот тренер Томас Тухел ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Англија, откако денеска потпиша нов договор до 2028, пренесе фудбалскиот сојуз на Англија.
Тотенхем го смени тренерот Томас Франк по вчерашниот пораз од Њукасл
Франк го презе Тотенхем летоска и со клубот се пласираше во првите осум од Лигата на шампионите, но во Премиер лигата Тотенхем е очаен, има само 29 бодови и се наоѓа на 16-тото место
Сан Антонио ги победи Лејкерс со доминација на Вембенјама
Сан Антонио убедливо ги победи на гостински терен Лејкерс со 136:108, а францускиот центар Виктор Вембенјама постигна дури 37 коша во првото полувреме, што е најмногу во НБА лигата оваа сезона.


