Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.

Според одлуката, Јанева ќе биде на слобода под услов редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува пропишаните обврски.

Доколку за време на условниот отпуст стори ново кривично дело или ги прекрши условите, може повторно да биде вратена во затвор.

Јанева беше осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“, а во казната ѝ е пресметано и времето поминато во притвор од над една година.

Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата во јули 2021 година, по што таа ја издржуваше казната во „Идризово“.

 

Слични новости

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.

Втор починат од грип во Македонија

Втор починат од грип во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.