Данецот Каспер Хјулманд, поранешниот тренер на полуфиналистот на Данска на Евро 2021, е назначен за тренер на Баер Леверкузен, една седмица откако Холанѓанецот Ерик тен Хаг беше отпуштен, објави германскиот клуб во соопштение во понеделникот.
Педесет итригодишниот Хјулманд, кој се повлече од функцијата селектор на Данска по поразот од 0:2 од Германија во осминафиналето на Евро 2024, потпиша договор со Баер до летото 2027 година.
Данецот претходно го тренираше Мајнц 05 во сезоната 2014-15 во Бундеслигата, а сега се врати во германскиот фудбал за да го преземе вицешампионот од минатата сезона, Леверкузен.
Тен Хаг беше отпуштен по два натпревара во Бундеслигата. Холанѓанецот, кој беше надвор од менаџерската позиција откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во октомври, го замени Чаби Алонсо во мај откако Шпанецот замина во Реал Мадрид.
Слични новости
Лејкерси го добија дербито против Сан Антонио без Леброн Џејмс и Остин Ривс
Лука Дончиќ даде 36 коша со 13 асистенции, 9 скокови и 5 украдени топки, за петтата последователна победа на Лејкерси.
Денвер до победа против Мајами со нов трипл дабл на Никола Јокиќ
Српскиот центар Никола Јокиќ утринава имаше уште една доминантна партија против тимот на Мајами Хит со 33 коша, 16 асистенции, 15 скокови и 3 украдени топки.
Овечкин прв постигна 900 гола во американската НХЛ
Рускиот хокеар Александар Овечкин стана првиот НХЛ играч кој дојде до остварувањето од 900 гола во Северноамериканската хокеарска лига во средата, во победата на негвотеи Вашингтон Капиталс над Сент Луис Блуз со 6:1


