Операцијата на американската влада во која беа заробени венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга во саботата навечер беше осудена и од Камала Харис, поранешна демократска противничка на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Дејствата на Доналд Трамп во Венецуела не ја прават Америка побезбедна, посилна или поприфатлива“, го започнува својот пост демократката на платформата X.
Харис пишува дека „бруталноста“ и „нелегитимноста на диктаторот“ Мадуро не го менуваат фактот дека американската операција била и „нелегална и неодговорна“.
„Го гледавме тој филм и претходно. Војни за промена на режимот или за нафтета кои се претставувани како моќ, но се претвораат во хаос, а американските семејства ја плаќаат цената. Американците не го сакаат ова и преку главата им е да бидат лажени. Не станува збор за дрога или демократија, туку за нафта и желбата на Доналд Трамп да биде регионална снагатор“, продолжи демократката.
И покрај нејзината неуспешна кампања на минатогодишните избори, Харис се смета за потенцијален демократски кандидат за изборите во 2028 година.
Во својот пост во саботата, таа напиша дека наместо „да ги загрозуваат нашите трупи, да трошат милијарди и да го дестабилизираат регионот“, на Соединетите држави им е потребно лидерство кое ќе даде приоритет на „намалување на трошоците за работничките семејства, зајакнување на владеењето на правото, зајакнување на нашите сојузи и – најважно – ставање на Американците на прво место“.
Слични новости
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.
Погодена американската амбасада во Ирак во ракетен напад
Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.
Пекинг го повика Вашингтон да не го вооружува Тајван
Пекинг го повика Вашингтон да не му испорачува оружје на Тајван, откако Ројтерс објави дека претседателот на САД Доналд Трамп би можел да одобри голем пакет оружје за островото.


