Лос Анџелес Клиперс ја остварија својата четврта победа по ред во НБА лигата, победувајќи ги со 112:99 на домашен терен Детроит Пистонс, најдобриот тим во Источната конференција.

Клиперс беа без хрватскиот центар Ивица Зубац трет натпревар по ред поради повреда, а Кавај Лонард одлично се покажа, пробивајќи ја границата од 50 поени првпат во својата кариера. Ленард постигна 55 поени со 17 од 26 за шут од поле и 5 од 10 за тројки. Додаде и 11 скока и пет украдени топки.

Од самиот почеток, тимот од Лос Анџелес беше во водство, а веќе во првата четвртина, која заврши со 33:20 за домаќините, беа на пат кон славје. Детроит го доживеа вториот пораз по ред. Добар придружник за Ленард беше Џејмс Харден кој постигна 28 поени со седум асистенции, додека Кејд Канингем беше најдобар за Детроит кој додаде девет асистенции и пет скока со 27 поени.

 

Со одлична игра во второто полувреме, Оклахома Сити ја победи Филаделфија со 129:104 како домаќин. Играч на натпреварот беше Чет Холмгрен со 29 поени и девет скока, додека Шаи Гилџеус-Александер постигна 27 поени со пет асистенции. Во гостинскиот тим, Тајрис Макси беше најдобар со 28 поени, пет асистенции и четири украдени топки.

Напнат натпревар се играше во Торонто, каде на крајот домаќинот беше подобар од Голден Стејт со 141:127 по продолжението. Имануел Квикли беше водечки стрелец на Торонто со 27 поени, а имаше и седум асистенции. Брендон Инграм додаде 26 поени со шест асистенции за домаќините. На крајот, клучен беше настапот на Скоти Барнс, кој го предводеше Торонто до славјето со 23 поени, дури 25 скока и 10 асистенции, со што го комплетираше „трипл-дабл“ учинокот.

Стефен Кари беше најдобар кај Голден Стејт со 39 поени и четири асистенции, а гостите го испуштија водството на самиот крај од основниот дел од натпреварот. Една од грешките ја направи Кари кога направи офанзивен фаул во последниот напад на својот тим.

Портланд го победи Бостон со 114:108, поништувајќи го водството на гостите во првото полувреме. Шаедон Шарп постигна 26 поени за Портланд, а повторно одличен беше Дени Авдија, со 24 поени, 10 асистенции и седум скока. Џејлен Браун имаше уште еден одличен натпревар за Бостон, но овојпат не беше доволен за победа над третопласираниот тим на Истокот. Браун постигна 37 поени, седум скока и четири асистенции.

Сакраменто Кингс беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс со 101:125. Лука Дончиќ постигна 34 поени, седум асистенции и пет скока за победничкиот тим, додека Леброн Џејмс имаше 24 поени и пет асистенции.

globe

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.