И покрај најновото зголемување на цените, горивата во Македонија и натаму се меѓу поевтините во регионот и во поголемиот дел од Европа, покажува споредбата на податоците.
Од денеска бензинот и дизелот се продаваат по повисоки цени како резултат на растот на цената на нафтата на светските пазари. Бензините поскапеа за пет денари по литар, додека дизелот бележи значително поголемо зголемување од 14,5 денари. Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар (1,289 евра), додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава по 85,5 денари за литар (1,386 евра).
Во Бугарија литар бензин од 95 октани чини 1,340 евра, а дизелот 1,440 евра. Во Србија бензинот достигнува 1,520 евра, а дизелот 1,683 евра по литар. Уште повисоки се цените во Грција, каде бензинот се продава за 1,811 евра, а дизелот за 1,698 евра.
Слични новости
Уапсен Артан Груби
Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.
Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“
Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.
Поскап животот во февруари,синдикалната кошница 67 382 денари
Минималната синдикална кошничка повторно порасна. Во февруари, за основните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 67382 денари, речиси илјада повеќе од јануари.