Синот на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, 17-годишниот Винсент Ибрахимовиќ, потпиша професионален договор со Милан, објавија „Росонерите“. Покрај Винсент, и најстариот син на Златан, 19-годишниот Максимилијан, е член на Милан.
„Винсент Златан Сегер Ибрахимовиќ го потпиша својот прв професионален договор со Милан. Играчот од средниот ред, роден во 2008 година, ќе биде вклучен во проектот Милан Футуро, иницијатива посветена на растот и развојот на млади таленти“, објави Милан.
Златан Ибрахимовиќ одигра 163 натпревари за познатиот италијански клуб за време на неговите два престоја во Милано, од 2010 до 2012 година и од 2020 до 2023 година, постигнувајќи 93 гола.
Во текот на кариерата играше и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси.
Од декември 2023 година, Ибрахимовиќ е советник на американските сопственици на Милан, „RedBird Capital“.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


