Американски јавни обвинители отворија истрага против компанијата OpenAI, креатор на популарната платформа за вештачка интелигенција ChatGPT, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со постапката.

Компанијата добила судски налог со кој се бара доставување документи поврзани со широк спектар на нејзините активности, вклучувајќи рекламирање, задржување на корисници, како и управување со кориснички и здравствени податоци.

Налогот, испратен од канцеларијата на јавниот обвинител на Њујорк, бара и информации за активностите на компанијата поврзани со малолетници и повозрасни лица, моделите на длабоко учење и внатрешните политики на OpenAI.

Истрагата се случува набргу откако OpenAI поднесе барање за иницијална јавна понуда на акции.

Според медиумските извештаи, излегувањето на берза би можело да се случи веќе во септември, при што вредноста на компанијата би можела да достигне до еден билион долари.

 

Слични новости

Американските акции се во пораст пред се благодарние на технолошките компании

Американските акции се во пораст пред се благодарние на технолошките компании

Кај 500-те најбогати американски компании С и П 500 забележан е раст на берзите од 0,3 насто. Најголем придонес за растот даде производителот на чипови Енвидија, чии акции поскапеа за повеќе од 3 насто.