Основното јавно обвинителство Охрид прибира докази за евентуално проширување на истрагата и поднесување кривична пријава и против таткото на Кристијан Корабоски, под сомнение за помагање при извршување кривично дело.

Од Обвинителството посочуваат дека по анализата на доказите ќе одлучат дали ќе има постапка и против него.

Во меѓувреме, судењето против 31-годишниот Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, е закажано за 27 ноември.

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор.

 

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.