Американските берзи забележаа силен раст по веста дека Јенсен Хуанг се враќа на позицијата извршен директор на „Енвидија“ . Неговото враќање повторно го поттикна интересот на инвеститорите во секторот за вештачка интелигенција и ја подигна вредноста на главните берзански индекси, кои минатата недела завршија со намалување за повеќе од 10 отсто од неодамнешните највисоки нивоа, објави CNBC.
Индексот на 500-те најсилни американски компании S&P 500 порасна за 4,73 отсто поени, а технолошката берза Nasdaq Composite скокна за дури 6,51 отсто, За двата индекса, тоа беше највисокиот дневен раст од април 2025 година. И индексот на индустриската берза Dow Jones зајакна 3,01 отсто,
Акциите на Nvidia скокнаа за цели 31 отсто, откако бордот на директори на компанијата објави дека Хуанг веднаш се враќа на чело на компанијата.
Порастот на акциите на Nvidia го поттикна растот на акциите на другите компании во секторот за вештачка интелигенција.
Акциите на Micron Technology пораснаа за 19 отсто, а CoreWeave за 22 отсто. Акциите на Advanced Micro Devices скокнаа речиси седум проценти.
Меѓу технолошките гиганти познати како „Величествените седум“, акциите на Alphabet и Meta Platforms пораснаа по шест отсто, додека Мајкрософт доби повеќе од еден процент.
Слични новости
Цената на нафтата Брент надмина 107 долари, европскиот гас скокна на 83 евра за мегават-час
Цената на сировата нафта Брент денеска стигна до 107,74 долари за барел, додека цената на американската сирова нафта ВТИ се продава за 102,88 долари за барел.
САД најавиja укинување на царините за ирското виски
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на престојот во Ирска на голф турнир на терен кој е во негова сопственост, изјави дека Вашингтон ќе ги укине царините за ирското виски.
Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата како во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.


