Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт. Според дипломатски извори, разговорите треба да започнат во сабота, а во Исламабад се очекуваат делегации од Вашингтон и Техеран.
Во градот се распоредени дополнителни полициски и воени сили, поставени се контролни пунктови, а дел од патиштата се затворени, додека жителите остануваат во своите домови поради дводневен државен празник.
На преговорите во Исламабад од американска страна се очекува да пристигне делегација предводена од американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, додека Техеран соопшти дека распоредот сè уште не е конечен, што остава неизвесност околу стартот на средбите.
САД, според проценките, настојуваат да обезбедат политички „излез“ од конфликтот, додека Иран се обидува да ја зацврсти својата позиција и влијание, особено преку контролата врз стратешки важниот Ормутски теснец.
Можните мировни преговори меѓу САД и Иран, што треба да се одржат во Пакистан, се случуваат во атмосфера на длабока недоверба и ескалација на насилството во повеќе делови од Блискиот Исток, особено во Либан, каде Израел продолжува со воени операции против Хезболах, а бројот на жртви според локални извештаи надминува илјада.
Токму борбите во Либан дополнително го разнушуваат кревкото примирје, а прекинот на воените дејства таму е еден од условите на Иран за да седне на преговарачка маса. Сепак израелската страна тврди дека операциите ќе продолжат сè додека не се елиминира заканата.
Слични новости
САД воведоа нови санкции врз кубанскиот претседател и членови на семејството Кастро
САД имаат ембарго врз Куба со децении, но американскиот претседател Доналд Трамп драстично го зголеми притисокот врз островот во последните месеци и отворено размислува за напад врз Куба.
Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви
На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот
Први снимки од пожарот на носачот на авиони „Џералд Форд“
На видеата од внатрешноста на бродот се гледаат целосно уништени простории во кои бил сместен екипажот. Од креветите останале само изгорени метални конструкции, таваните се сериозно оштетени, а електрични кабли висат од ѕидовите и плафоните.


