Ќе бидеме без Александер Исак долго време, неколку месеци, изјави тренерот на Ливерпул, Арне Слот, кога англиските новинари го прашаа за сериозноста на повредата на шведскиот напаѓач.

Во саботата, Исак се здоби со сериозна повреда на натпреварот од лигата меѓу Тотенхем и Ливерпул. Во жесток старт, играчот на Тотенхем, Ван де Вен, кој не заработи ниту жолт картон за тоа, му ја скрши потколеницата на Исак. Напаѓачот на Ливерпул многу брзо беше опериран оваа седмица и ќе биде надвор од фудбалот долго време.

„Ова е голем удар за самиот Исак, но и за сите нас во Ливерпул. Стартот на Ван де Вен беше исклучително опасен. Ако таков старт се случеше на теренот десет пати, исклучително сериозна повреда е загарантирана во сите десет пати“, рече тренерот на Ливерпул.

Првично, клубот од „Енфилд’ стравуваше дека предниот вкрстен лигамент можеби е оштетен, но за среќа на Швеѓанецот, беше избегната уште посериозна повреда.

Пред почетокот на тековната сезона, Исак се приклучи на Ливерпул од Њукасл во трансфер вреден 150 милиони евра.

globe

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.