Секој нов напад врз Иран ќе доведе до значајни промени во географијата на војната и користеното оружје соопшти Исламската револуционерна гарда.

Иранската гарда предупреди дека ако дојде до уште еден нов напад врз Иран, сигурно ќе дојде до значајни промени во иранската одбрана и контранапади. Дефинитивно ќе ја промениме географијата на војната, порача Техеран.

Техеран тврди дека САД не успејаа да ги остварат декларираните цели како што се обезбедување на енерегтексите текови и слободната половидба, додека американските воени бази ширум регионот биле изложени на нападите на иранските воени сили.

САД и Израел првиот напад го изведоа врз Иран на 28 февруари и се заврши на почетокот на април по 40 дена, а вториот напад беше во јуни и траеше 12 дена.

Слични новости

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.