Двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран предводува Иран и Оман да може да наплатуваат такса на бродовите кои минуваат низ Ормусткиот теснец, изјави регионален службеник кој беше вклучен во преговорите.
Според неговите зборови Иран планира средствата да ги искористи за обнова на земјата по конфликтот.
Ормутскиот теснец се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман, но меѓународната заедница досега тој премин го сметаше за меѓународен пловен пат низ кој бродовите слонодно минуваат, без да плаќаат патарина.
Слични новости
Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите
За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.
Најава за втора рунда разговори Иран-САД
Официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.
Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.


