Иран му ги изнесе условите за повторно отаварње на Ормутскиот теснец на специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, за време на средбата на иранскиот министер за надворешни работи со Стив Виткоф во Њујорк.

Како што пренесува Ројтерс, условите вклучуваат итно укинување на поморската блокада, одмрзнување на иранските финансиски средства и окончување на воените дејства на сите фронтови.

Според известувањето на иранските медиуми Вашингтон е официјално запознат со условите на Техеран за отварање на Ормутскиот теснец.

Слични новости

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.