Иран им се закани на САД и Израел со „уништувачки напади“ по најавите на Доналд Трамп за нови воени удари врз Исламската Република.
Иранското воено раководство упати жестоки закани кон Соединетите Американски Држави и Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нова ескалација на воените операции против Исламската Република.
Централната команда на иранските вооружени сили, Хатам ал-Анбија, предупреди дека следува „уште поразорен и посеопфатен“ одговор.
„Подгответе се за наши мерки што ќе бидат уште поуништувачки и пообемни,“ соопшти командата во четвртокот, обраќајќи се директно до Вашингтон и Тел Авив. „Со доверба во Семоќниот Бог, оваа војна ќе продолжи сè додека не бидете понижени, обезчестени, исполнети со трајно каење и принудени да се предадете.“
Претхоодно Трамп најви дека ќе го врати Иран во каменото доба повторно заканувајќи се со напади врз клучната иранска енергетска инфраструктура. Американскиот претседател најави дека американската армија ќе го „удри Иран екстремно силно во следните две до три недели“.
Слични новости
Трамп го отфрла иранскиот предлог
Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.
Лондон го испраќа кралот за да го ублажи спорот со Вашингтон
Британскиот крал Чарсл Трети допатува во четиридневна посета на САД во државна посета која според оценките на западните медиуми би можела да биде...
Tрамп ги повика назад американските преговарачи со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Fox news рече дека донел одлука американските претставници да не одат на преговорите со Иран....


