„Њујорк тајмс“ тврди дека новиот врговен водач на Иран Моџтаба Хамнеи го одобрил пакистанскиот предлог за двонеделен прекин на огнот по интензивни дипломатски преговори. „Њујорк тајмс“ пишува дека клучна улога во посредувањето имала Кина во последен момент.
Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека „САД биле принудени да го прифатат иранскиот предлог од 10 точки кој вклучува фундаментална посветеност на неагресијата, одржување на иранската контрола врз Ормутскиот теднец, признавање на правото на Иран да збогатува ураниум, укинување на сите примарни и секундарни санкции и компензација за Иран“.
Предлогот на Иран содржи и „укинување на сите резолуции на Советот за безбедност на ОН и повлекување на американските борбени сили од регионот и крај на војната на сите фронтови, вклучувајќи ја и војната против Хезболах во Либан“.
Техеран соопшти дека Иран и САД на 10 април ќе одржат разговори во Исламабад„за да ги финализираат деталите и да ги потврдат политичките достигнувања на Иран на бојното поле“. Техеран додаде дека противникот сознал дека нема никакви шанси да победи.
Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи појасни дека во рок од две недели ќе биде осигуран безбеден проток низ Ормутскиот теснец.
Си Ен Ен наведува дека и Израел прифатил двонеделно примирје и дека ќе го прекине бомбардирањето додека траат преговорите.
Слични новости
Во вчерашната акција на полицијата неофицијално запленети 27 тони марихуана
Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.