Напнатостите меѓу САД и Иран повторно нагло пораснаа по инцидентот во Ормутскиот теснец, кога Иран го ракетираше контејнерскиот брод „Евер Лавли“ кој пловеше под знаме на Сингапур.
Веднаш потоа американската восјка соопшти дека изведе удари врз Иран, а целите биле складиштата на ракети и дронови, како и крајбрежните радарски станици во близина на Ормутскиот теснец.
Американската војска соопшти дека нападот бил изведен како одговор на ракетирањето на комерцијалниот брод и дека американската војска ќе продолжи да ги штити своите единици и комерцијалната пловидба низ Ормутскиот теснец.
Иран соопшти дека како одговор на американските напади покренале напади врз американските воени бази во регионот. Техеран се закани дека доколку „агресијата се повтори“ нивниот одговор ќе биде многу поширок.
Слични новости
Уганда прогласи крај на епидемијата од ебола
Последниот пациент заболен од ебола бил пуштен од болница во Уганда на 16 јули, со што почнува одбројувањето од 42 дена, по кое според Светската здравствена организација, земјата може да биде прогласена за слободна од вирусот.
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Цената на нафата падна на најниско ниво за една недела поради надежите за смирување на судирот на Блискиот исток
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат и достигнаа најниско ниво за една недела, откако инвеститорите позитивно реагираа на сигналите дека судирот на Блискиот исток би можел да се смири по дипломатски пат.


