Иран како одмазда за убиството на Али Лариџани го нападна Тел Авив со касетни бомби. Според извештаите, во нападот се убиени најмалку две лица.

Лариџани беше генерален секретар на Врховниот совет за национална безбедност, а беше убиен вчера во воздушен напад на Техеран.

Израелската армија соопшти дека во земјата се регистрирани напади врз повеќе локации, а граѓаните се повикани се оддалечат од погодените подрачја.

Во израелските напади, пак врз центарот и јужните предградија на Бејрут има најмалку шест загинати, а 24 се повредени.

 

Слични новости

Европа ги проширува воено-безбедносните планови на Арктикот

Европските политичари се обидуваат да испратат сигнал до Вашингтон дека се способни самостојно да придонесат за заштита на американските интереси во поларниот регион, без да напаравт отстапки по прашањето на Гренланд.