Иран денеска објави дека привремено го затвара Ормускиот мореуз поради воени вежби со боева муниција Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.

Потегот се смета за натамошна ескалација која би можела да предизвика нова војна на Блискиот исток, наведува Асошиејтед прес.

Откако во Женева почна уште една рунда индиректни преговори меѓу техереан и Вашингтон, иранските медиуми соопштија дека Иран лансирал ракети кон Ормускиот мореуз и дека важниот воден пат „ќе биде затворен поради безбедносни причини“.

Слични новости

Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше

Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.